Дозволете ни да ви помогнеме како најдобро да го изрекламирате вашиот бизнис со помош на печатени маички, дуксери, работни одела, капи...
Дознај повеќе Контакт
Сито печат е најпознатата и најкористената техника за печатење на маички и текстил. Со него може да се постигнат живи и трајни бои, а истовремено е и економична метода за поголеми серии на печатење.
Сублимацијата е дигитален метод каде мастилото се претвора во гас и се впива директно во ткаенината (само на 100% полиестер). Ова овозможува печатење во боја без граници, со живи и детални слики. Погодна за мали количини (од 1 парче).
DTF е модерен метод каде дизајнот се печати на специјален филм, потоа се нанесува леплив прав и се пренесува на маицата со топлина. Флексибилен за сите видови ткаенини (памук, полиестер, мешавини) и бои (светли/темни).
Професионалното везење е класична и премиум техника каде со конците буквално се везе во ткаенината со помош на специјализирани индустриски машини за везење. Овозможува 3D ефект, прекрасна текстура и исклучителна издржливост – идеално кога сакаш твојот логотип или мотив да изгледа луксузно и елегантно.